Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, одржливиот развој и човечките ресурси Љупчо Николовски го осуди нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.
Во статус на Фејсбук, Николовски соопшти дека веќе се постапува по случајот.
Ова е правна држава каде институциите постапуваат еднакво за сите, пред законите сме сите еднакви, а несогласувањата може да се решаваат единствено преку процедурите и институциите на системот, напиша Николовски.
Претседателот на РКЕ беше нападнат во центарот на Скопје од страна на синот на Муса Џафери. Случајот е пријавен во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.