Љупчо Николовски останува генерален секретар на СДСМ, а Бојан Маричиќ ја задржува позицијата секретар за меѓународна соработка. Нов организациски секретар на местото на Душко Весковски ќе биде Мартин Попов. Тој доаѓа од Општинскиот комитет Центар и е директор на Аналитичкиот центар на СДСМ.
Денеска прогресивното социјалдемократското семејство го изгласа новиот Централен одбор. Денеска нашата модерна, демократска и државничка партија продолжува со прогресот и промените. На новите листи ја застапивме родовата еднаквост, еднакво учество на младината, која е движечка сила на нашата партија. Новиот состав на Централниот одбор е спој на нова енергија и искуство и доказ дека СДСМ се менува и подобрува, но останува прва во промените.
Направивме многу. За државата, за граѓаните, за партијата и членовите. Имплементиравме една цела генерација политичари во успесите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во успесите на државата и граѓаните. Воведовме нови вредности, поставуваме нови стандарди, посочи Николовски.
Николовски нагласи дека новиот состав ќе воведе нова свежина, нова енергија и ќе биде гарант дека промените во СДСМ не се случајни, туку се континуирани, во служба на граѓаните и државата.
Николовски упати честитки до својата другарка Сања Лукаревска, новата заменик-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Ѝ посакувам плодна и успешна работа, многу мудри и храбри одлуки!
#СДСМ носи промени и продолжува на патот кон нови победи и успеси!, посочи Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.