Во нашиот крај, од Старо Нагоричане, преку Ранковце и Крива Паланка, доаѓа најголемата инвестиција од независноста до денес во износ од 500 милиони евра! Еколошка инвестиција за зелена енергија. Од ветерот правиме струја!, рече на вечерашниот митинг генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
Го придвиживме процесот за изградба на источниот дел од пругата на Коридорот 8, којшто е од стратешко значење.
Се гради и експресниот пат во износ од 58 милиони евра.
Железницата и поврзувањето на патната инфраструктура со Бугарија конечно е реалност и Крива Паланка е портата на Европа!
Затоа во недела од Крива Паланка ќе дојде најголемата и најјасна победа уште во првиот круг! Ќе гласаме за Сашко, за најдоброто, за модерна и европска Крива Паланка!, рече Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.