Во рамки на посетата на Брисел и на Парламентарното Собрание на Европската Народна Партија, заедно со Влатко Ѓорчев остваривме бројни средби, пред се со раководството на Европската Народна Партија, со претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол. Собранието на ЕПП започна со извештај на претседателот Жозеф Дол за актуелниот избор на Европската комисија (ЕК), Брегзит актуелностите, како и политичките состојби во европските земји.
Генералниот секретар на ЕПП Антонио Лопез Истуриз особено се задржа на европските избори и политичката состојба во Шпанија. Во текот на Собранието на ЕПП остваривме поголем број на билатерални средби и контакти, запознавајќи ги соговорниците со актуелните состојби во Македонија, ова преку соопштение до јавноста на Фејсбук го информира Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.