Премиерот Зоран Заев вчера за време на Економскиот форум во Скопје се извини до Грција што напишал „македонска фубалска репрезентација“, зошто, според него, тоа било спротивно на Преспанскиот договор.
Иако, во Преспанскиот договор никаде не е забрането користење на придавката македонски, напротив, неколку пати оние што го потпишаа се колнеа дека таа ни припаѓа нам, Заев во негов стил рече „некогаш се случува да направам грешка имам 46 години се случува да го спомнам тоа во една реченица и да го повторам некогаш“.
Но, и вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски очигледно „згрешил“, иако има 37 години.
Деновиве сите го живееме сонот од наше детство. Македонските репрезентативци без разлика на конечниот резултат се веќе победници и наши херои! #EURO2020#СегаЕНашеВреме pic.twitter.com/Ob2bxsorjM
— Ljupcho Nikolovski (@lj_nikolovski) June 17, 2021
Ќе се вади ли и Николовски на своите 37 години кога ќе им се извини на Грците по урнекот на неговиот владин и партиски шеф?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.