Одговарајќи на новинарски прашања по средбата со инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски од збор до збор го повтори вчерашното соопштение од СДСМ.
Николовски изјави дека се синхронизрани одлуките и на партијата и на Владата за се што изнел и дообјаснил премиерот Зоран Заев во неговото интервју за бугарската БГНЕС во однос на историјата.
Имаше објаснувања од претседателот, тоа се ставови и на Владата на СДСМ, граѓаните избраа европска иднина, потребно е лидерство со заштита на сите наши особености, на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет. Тоа првпат го добивме после долго време, првпат носиме храбри чекори и одлуки за признавање на нашиот јазик, храбри одлуки со кои државата стана членка на НАТО и го одиме овој европски пат. Така што, синхронизрани се одлуките и на партијата и на Владата во поглед на она што е изнесено и дообјасенто од страна на претседателот на Владата, изјави денеска Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.