Денеска од Виница, го најавувам почетокот на изборната кампања на СДСМ и Коалицијата. За кратко време направивме многу успеси и од нив нема да се срамиме. Бараме чист мандат за да направиме уште повеќе и уште подобро. Бидејќи можеме, порача Љупчо Николовски, носител на листа на СДСМ во ИЕ3.
Нема веќе привилегирани региони во државата, нема веќе привилегирани градови. Сите сме еднакви. Сите ќе се развиваме подеднакво. Програмата е навистина најдобрата програма досега. Ветувањата се исклучително реални бидејќи работевме домаќински изминативе две и пол години, а со членството во НАТО и преговорите со ЕУ ќе направиме уште повеќе зошто ни се отвораат врати кои отсекогаш ни биле затворени, истакна тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.