Фокусирани сме на системски подобрувања за превенирања и одвраќања од корупција и криминал за да имаме правично оштество во кое редот, правдата, поредокот и напредокот ќе важат за сите подеднакво. Имаме обврска да бидеме отворени, отчетни и транспарентни пред граѓаните. Нашата борба ќе биде долга, трчаме маратон, не спринт, зашто долго биле занемарени етичките вредности. Не е лесно да се демонтира систем во кој постоел само еден адвокат, еден обивинител и еден судија, рече вицепремиерот за борба со корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на отчетот на Владата за првите сто дена од мандатот.
Соопшти за преземените чекори во изминатите сто дена – донесениот нов кодекс на однесување на членовите на Владата и на сите функционери назначени од Владата од најниско ниво.
Видовме разрешувања, рече Николовски, а ќе бидат разрешени сите што ќе ги прекршат одредбите и нема да се толерира и замижува, како што рече, за функционери за кои има причина за одговорност, кои се богатат на државна сметка и на сметка на граѓаните.
Во изминатите сто дена задолжени се сите инситуции, општини и Град Скопје на веб-страниците да ги објават сите документи и информации од јавен карактер и за да добијат финасниска поддршка од буџетот на Владата и од меѓународни програми ќе треба да се отчетни и транспарентни зашто, рече Николовски, чесните и заслужните ќе бидат наградени.
Воспоставена е редовна координација и меѓуинституционална комуникација меѓу министерствата за правда и за внатрешни работи, со Финансиска полиција, ОТА, Агенција за управување со одземен имот, ДКСК и други инстуитуции надлежни за борба со корупвција и криминал.
Почната е соработка со Обвинителството и се детектирани слабостите кои се провелувале со години наназад и влијаеле за бавност на правдата – од неефикасна дгитигализација до немање меѓуинституционална размена на документи и информации и недостиг на база на податоци и централизирани систем каде процесот на истрагите би се следел во реално време – кој предмет во која фаза е.
Со поддршка на УСАИД, соопшти Николовски, почнува проект за подобрување на платформата за интероперабилност, важен за сите граѓани, со кој ќе се подобри поврзаноста на институциите и ќе придонесе за силно забрзување на процесот на постапување и решавање на предметите, без човечки фактор.
Ова беше голема болка на граѓаните и беше причина за нивна недоверба во институциите. Увидовме дека контролата е клучна, особено во вонредни услови какви што имаме оваа година. За зголемување на ефикасноста на контролниот механизам воспоставивме редовна координација со Инспекциоскиот совет, а се донесоа и брзи законски измени со кои се зголемија надлежностите на сите инспекциски служби. Новите измени ја оправдаа целта – значително се намалува бројот на прекриштелите на законите и на мерките. Нема повеќе правни субјекти на кои им е гајле за пропишаните уредби, одредби, закони, рече Николовски.
Во изминатите три месеци исполнети се значен дел од препораките на Антикорупциското тело на Советот на Европа – ГРЕКО, формирана е работна група од Владата за ревидирање на дiскрециските овластувања на функционерите што е, рече Николовски, исклучително важен чекор во мисијата што ќе донесе голем пакет на измени со кои ќе се укинат секаде каде што се непотребни дискрециските права. Се работи на подзаконските акти со кои ќе се ограничат трошоците за репрезентација и ќе се воведат еднакви правила за употреба на службени картички од страна на функционерите.
Има многу што да се работи во мандатот што го почнавме. Институциите треба да покажат ред, работа и дисципилина, нагласи вицепремиерот, посочувајќи дека работи со многу мал тим во кабинетот, но дека тие се посветени млади луѓе кои сакаат да ги променат работите за подобра иднина во општеството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.