Во Крива Паланка денеска се одбележува Св. Јоаким Осоговски, заштитник и празник на градот, а на прославата во истоимениот манастир присуствуваа и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„На овој ден, кривопаланчани ги чекаат на гости своите роднини и пријатели, а јас му посакав добредојде на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Заедно го одбележавме овој голем ден. Запаливме свеќи во манастирот Св. Јоаким Осоговски и се помоливме за подобро утре“, вели вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски.

И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави на својот Фејсбук профил дека денеска присуствувал на чествувањето на Св. Јоаким Осоговски.
„Денеска, на покана на мојот драг пријател вицепремиерот Љупчо Николовски, а на мое големо задоволство, бев дел од чествувањето на Св. Јоаким Осоговски, заштитник и празник на Крива Паланка.Нека им е честит и за многу години празникот на сите православни христијани и сите граѓани на Крива Паланка, со искрени желби за добро здравје, благосостојба и лична и семејна среќа“, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.