Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одржа работен состанок со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и со началниците на регионалните дирекции на УЈП. На состанокот разговараlе за улогата на УЈП во спречувањето на затајување на данок и корупција, преку зајакнатите контролни механизми.
Николовски, ги презентираl мерките од Планот за борба против корупција, со посебен акцент на мерките со кои преку дигитализација се елиминира човечкиот фактор и субјективноста при реализација на контролите.
Со активно вклучување на сите надлежни институции, ќе имаме и позитивни резултати во исполнување на мерките од усвоениот План за борба против корупција, ќе покажеме дека со системски мерки и неселективност во постапките, може да се спречи корупцијата и даночното затајување. Дигитализацијата и елиминирањето на човечкиот фактор при контролите, се само дел од механизмите за спречување корупција. Планот за борба против корупција, содржи 18 системски мерки, со кои влегуваме во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа. УЈП преку своите контролни механизми има значајна улога во целиот процес – посочил Николовски.
Директорката на УЈП, ги претставиla механизмите и системите со кои располага Управата.
Управата за јавни приходи согласно надлежностите и капацитетите со кои располага е особено важна алка во процесот на детектирање и рано откривање на незаконитото однесување и постапување на даночните обврзници. На пример Софтверот за евалуација на ризици овозможува електронска селекција на даночни обврзници за контрола врз основа на однапред утврдени ризици. Со овој софтер се елеминира човечкиот фактор при избор на даночите обрзници за контрола – изјавила директорката Лукаревска.
На состанокот било презентирано функционирањето на Системот за електронско следење на системите за игри на среќа, како и начинот на вршење на контролите од страна на даночните инспекторати.
Во рамки на посетата на УЈП, вицепремиерот Николовски и директорката Лукаревска, одржале работен состанок и со началниците на регионалните дирекции на УЈП, на којшто разговарале за нивната работа на терен и нивните предлози во делот на контролите и подигањето на јавната свест за бенефитот од редовното плаќање на даноците кон државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.