Според генералниот секратар на СДСМ Љупчо Николовски, изборите беа безбедни по здравјето, а граѓаните покажале голема одговорност и сериозност почитувајќи ги сите протоколи, овозможувајќи му на Штип да продолжи по модерниот и по европскиот пат којшто го зацрта Благој Бочварски, којшто со политиките на СДСМ и на Владата навистина даваат значајно влијание за Штип.
Покажавме дека можеме пресврт да направиме во истокот и со проекти и со капитални инвестиции и со грижа за граѓаните и со враќањето на парите назад кај граѓаните и со сите политики коишто ги преземеме во овој период. Токму затоа расте поддршката на СДСМ во овој регион. Истокот е веќе бастион на социјалдемократијата, треба да сме горди на тоа и да го продолжиме тој пат, наведе Николовски на прес-конференцијата на која заедно со лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, прогласија победа на вонредните локални избори за нивниот кандидат Сашко Николов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.