„Немало жестока дебата на вчерашниот состанок на извршниот одбор на партијата. Сите кандидати се избрани врз основа на гласањето на членството на анкетите и нашите внатрепартиски испитувања“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски за имињата на кандидатите на градоначалници на локалните избори.

Тој додаде дека имињата на кандидатите кои ќе трчаат во Ѓорче Петров, Битола, Центар, Куманово, Крива Паланка, Кочани и Шуто Оризари ќе бидат објавени до крајот на месецот.

-Во овие општини нашите имиња водат со 10 проценти во однос на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, вели Николовски, додавајќи дека во сите општини во земјава, СДСМ ќе оди со свои листи на советници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.