Во „Клик Плус“ вечерва на ТВ21, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски го искажа своето мислење околу последните случувања со Националната агенција, и директорката Лидија Димова околу европските пари.
Станува збор за европски пари, и ние сме во процес на почеток на преговори со ЕУ, ги отвораме поглавјата, и не чекаат огромни предизвици. И без оглед за чии пари станува збор, законот мора да важи за сите. Нема недопирливи, и не треба да има. Димова е на став дека не треба да поднесе оставка, и тоа прв пат ќе го кажам дека јас имам друго мислење. Не сакаме да оставиме никаков сомнеж. Затоа јас ќе побарам од Димова да поднесе оставка. Ако тоа не го стори, тогаш ќе ја разрешиме – рече Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.