Во ова време на пандемија Штип и штипјани покажаа демократија, општествена одговорност и дека Штип ќе продолжи по патот на Европа, по патот во сигурни раце, рече Сашко Николов, објавувајќи победа на денешните избори за градоначалник на Штип, во присуство на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

Тој оцени дека денеска жителите на Штип демонстрирале одговорност и европска политика.

Покрај сите опструкции коишто ги имавме во времето на овој предизборен молк нашите сограѓани рака за рака денеска си го изгласаа идниот градоначалник на Штип и гласаа дека Штип продолжува по демократскиот пат за европски отворен и безбеден град за сите наши деца, наведе Николов.

Моите сограѓани, посочи Николов, денеска ми дадоа обврска која што лично ја преземам за да го исправам градот пред предизвиците коишто доаѓаат пред нас. Тоа се рамноправност, тоа е грижа, тоа е потпора за секој еден граѓанин во оваа наша општина.

Државната изборна комисија во последното известување информираше дека на предвремените избори за градоначалник на Општина Штип до 18:30 часот гласале 14 328 избирачи, односно 34.30 проценти. Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаа вкупно 41.177 гласачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.