Мене што она најмногу ме мачи како лекар е што не гледам како ќе изгледа финалниот проект нов Kлинички, тоа го нема. Сите здравствени работници сакаат модерно здарвство, а во моментов ни треба зајакнување и тоа дисперзирано зајакнување, а не како што сега нудат нов клинилки центар кој ќе бил одговор на потребите на здравството, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на утринската програма на телевизија Алфа.
Според него доколку се работеше и имаше континуитет сега ќе беше готов проектот од владата на ВМРО-ДПМНЕ и сега ќе зборувавме за втор клинички центар.
Претходниот доколку го продолжеја наместо да го прекинат подобро ќе се одговореше на корона кризата. И наместо реализација на првиот проект го добивме паркингот и тоа не е ниту на два ката како што велеа, а и покрај тоа пак е хаос и со сообрќајот. Сега на кампусот клиники Мајка Тереза недостасува тријажен центар, модерна инфраструктура, а таа беше планирана, рече Николов.
И сега што се прави некаков мегаломански проект за кој ништо не знаеме, а нудат закон, кој велат ќе чини околу половина милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.