Причината за денешното собирање и денешниот настан главна цел е да се подигне свеста за спортот и значењето на спортот во зачувувањето на здравјето особено во овие услови кога се соочуваме со една корона епидемија и особено во овие услови кога се соочуваме со загадување на воздухот кое што завзема енормни размери, истакна Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ при денешното искачување на Водно.
Тој посочи дека идејата е заедно со луѓето од спортот и од здравството да ја подигнат здравствената култура, и значењето на спортувањето и значењето дека граѓаните можат сами да се заштитат.
-Сами да се спасат и сами да влијаат на зачувувањето на сопственото здравје, особено во овие услови кога се уште пандемијата завзема големи размери, епидемијата и понатаму е активна, да пратиме апел да се чува сопственото здравје да се почитуваат мерките особено на дистанца и бидејќи се соочуваме со состојба кога епидемиските индикатори се сеуште на високо ниво и сеуште завземаат една состојба на плато, качувањето по планини со цел да се зачува здравјето се многу важни, особено другите спортови кои што се индивидуални спортови кои што можеме да ги практикуваме. Се надевам дека ова што го правиме ќе стане една традиција и дека заедно за некој извесен период ќе успееме да добиеме индикатори односно да добиеме резултати кои што ќе влијаат на подобрувањето на здравјето на граѓаните и подигнувањето на здравствената култура и подигнувањето на здравствената информираност и едукација. Се надевам дека ќе биде традиција, дека ќе не следите и понатаму минимум со луѓето од спортот еднаш до двапати месечно можеме да организираме настани кои што ќе влијаат на подигнувањето на свеста, нагласи Николов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.