Доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Што не е јасно“ што се емитува на телевизија Алфа рече дека битката за набавка на вакцини треба да е контиунирана.
Што гледаме ние, организација за дочек на незначителни дози на вакцини. И во истиот ден вчера кога стигна една доза, тие продолжија со возење мотори. Токму поради ова треба да си поднесат оставки. Потребен е професионален пристап, треба да се преземаат мерки врз основа на епидемиолошки податоци. А не ова на што сме сведоци. Се прават наопаку“, рече доктор Николов.
Според Николов дека вакцините против корона ќе недоставуваат беше предвидливо.
„На почеток имаше недостаток на респиратори и набавката остана енигма. Имавме проблеми со апарати за неинвазивна вентилација и оваа бројка е флуидна и недетермнинирана и кога започна и набавката на вакцини беше предвидливо дека ќе ги нема“, рече доктор Николов.
Николов кажа „индолентно е некој да се потпре на еден механизам и да не покаже ниту една активост“.
„Што ќе го чинеше министерот за здравство да бара состаноци и да најде начин, да проба да донесе вакцини. Оваа нивна пасивност не доведе во оваа ситуација во која живееме, да има и доктори и граѓани кои бараат вакцина“, рече Николов.
Според него тоа што се зборува дека ќе сме биле меѓу првите земји во кои ќе е имунизиран медицинскиот персонал не е точно.
„Необезбедување на вакцини против корона е причина плус за оставки, за оставка на министерот Филипче“, рече Николов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.