Д-р Игор Николов истакнува дека во последните неколку месеци граѓаните и медицинскиот персонал се изнаслушаа голем број различни изјави и лаги за набавката на вакцини против корона вирусот, но во Македонија се уште нема ниту една таква вакцина.

Д-р Николов вели дека таквиот однос и манипулчациите со јавноста покажуваат дека интересот на власта за здравјето на граѓаните е на многу ниско ниво.

Вакцина против корона ќе има на време. Со донација на вакцини од соседните пријателски држави, за кратко ќе почне процесот на вакцинација. Ова Филипче го кажа во октомври и декември минатата година.

 

Првично ќе има вакцини од КОВАКС механизмот. Вакцините од КОВАКС механизмот не се на повидок.

 

Директно преговараме со фирмите производители на вакцини. Нема никакви вакцини, нити договор со некој од производителите. Вакцини на „Фајзер“ ќе ни ги дадат соседите. Никој од соседните држави не ни даде вакцини, дури и оние кои што можат да ни дадат не можеме да ги примиме, иако за нив се моли уште од декември минатата година.

 

Чекаме одговор од Кина за вакцините против Ковид-19. Ова е последната изјава на министерот за здравство. A замислете, Кина сакала да даде 90 илјади вакцини, ама истите ги нема заради тоа што некој од министертвото за здравство молчел!

 

Вакво менување на изјави познато како лажење покажува само едно – интерес за здравјето на граѓаните нема или е на многу ниско ниво!

 

Едноставно е – вакцините за Ковид-19 кои се значајна алатка во борба со епидемијата со корона во Македонија ги нема. Прашуваме јавно, кој одлучи граѓаните да бидат оставени само на вакцините од КОВАКС, наместо на време да се активираат сите механизми?

 

За неколку месеци граѓаните и медицинскиот персонал се изнаслушаа само на различни изјави и различни лаги.

 

Бројката на заболени од корона одамна надмина 90 илјади заразени, бројката на починати се движи кон три илјади, во Британија и во соседството има нова мутација на корона вирусот која според информациите се шири со голема брзина.

 

Во меѓувреме граѓаните во Македонија се оставени сами на себе, лекови тешко се наоѓаат или недостасуваат, вакцини нема. За ваквата состојба одговорност мора да има! – истакна д-р Николов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.