Доктор Игор Николов од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ги потсетува здравствените власти дека со одлука на Владата од ноември 2020 година на медицинскиот персонал му е забрането да користи годишни одмори, платени и неплатени отуства. Во исто време, како што пишува тој, оние кои им забранија на медицинарите, летуваат по ненормални дестинации – Мексико и Дубаи.
Службен весник. Одлука. (чл.13 точка 4) се забранува користење на годишени одмори, платени и неплатени отсуства за сите вработени во здравствениот сектор.
Откако донесоа одлука здравствените работници да не смеат да користат годишен одмор, платени и неплатени отсуства, тие заминаа на одмор и тоа не на понормални дестинации туку во Мексико и Дубаи.
Медицинскиот персонал не е одморен и не е отиден на одмор од почетокот на пандемијата, за да тие господата можат да уживаат и да се прават дека помагаат во пандемијава. Камо ви ги вакцините непрокопсани уживатели на државни и јавни функции?
Запрашајте се колку здравствен персонал ја загуби битката со Ковид-19? Колку персонал ги загуби своите постари родители заради тоа што вие не обезбедивте вакцини? Сфативме дека за вакцини само писма сте пишувале, а за Мексико и Дубаи знaете да се придвижите и на лице место да уживате.
Кога не можете и немате образ да покажете малку срам, барем покажете солидарност и соживејте се со маките и тежината која што е натоварена врз докторите и медицинскиот персонал и целиот персонал во здравството.
Одете си! Што побрзо да ве нема!
Службен весник. Одлука. (чл.13 точка 4) се забранува користење на годишени одмори, платени и неплатени отсуства за сите…
Posted by Igor Gila Nikolov on Thursday, 18 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.