Во вечерашното издание на „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во врска со најавеното ново парламентарно мнозинство, истакна дека иако Заев врши терор и притисок врз партиите од коалицијата на власта, оваа Влада ќе падне, а новата Влада ќе има за цел да организира локални и предвремени парламентарни избори.

Во неделата вечер излезе информација дека Либерално демократската партија решила да ја напушти коалицијата со СДСМ, Зоран Заев сабајлето во понеделник јавно призна дека врши терор и притисок  врз ЛДП, и рече дека цитирам „преку генералниот секретар им пренесов дека ова е удар врз мене и врз СДСМ и дека ова ние нема да им го простиме и дека ова е удар врз нас им пренесов многу јасни пораки “, по ова мислам дека генералниот секретар на СДСМ им упатил резолутни пораки, од опис и попис на работи од Министерството за внатрешни работи, од Управата за јавни приходи или Финансиската полиција, истакна Николоски.

Николоски појасни дека поради тоа е постои можност некој од пратениците од коалицијата да падне на притисокот од власта затоа не сака ВМРО-ДПМНЕ да влезе во авантура да Владата падне, а подоцна да биде избран за премиер некој од „пајташите на Заев“, туку целта е да се формира нова влада во којашто нема да е СДСМ, и којашто ќе има обврска да организира фер и демократски локални и предвремени парламентарни избори.

Николоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе успее во намерите во многу брз временски период.

Ние разговараме со пратеници и политички партии коишто се сега дел од владејачката партија, но не припаѓаат на СДСМ и на ДУИ и не би навлегувал повеќе во ова, би оставил повеќе тие да кажат, објасни Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.