Во случајот за клевета на премиерот во оставка Зоран Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за изјавата дека Заев е на врвот на пирамидата која изрекетирала 20 милиони евра, тужениот Александар Николоски рече дека стои зад она што го кажал и дека според член 16 од Уставот се гарантира слободата и јавното изразување.

На денешното рочиште Николоски посочи дека законот ја гарантира слободата на изразување како битна основа на демократското општество.

За конкретниот случај вели дека имал основана причина да поверува во вистинитоста на своето твдење. До него стигнувале многу информации дека во случајот „Рекет“ предмет на уцена биле повеќе од еден бизнисмен и дека вкупната сума надминува 20 милиони евра и оти на врвот се наоѓаат СДСМ и Зоран Заев.

Тој вели дека според Законот за граѓанска одговорност тој треба да ја докаже вистинитоста на тврдењето или пак да докаже дека имал основана причина да поверува во вистинитоста.

Јасно произлегува дека за непостоење одговорнот на давателот на изјавата не е потребно да се достават докази за вистинитоста на тврдењата туку да се докаже дека имало основана причина да поверува во вистинитоста на тврдењата, објасни Николоски.

Тој објасувајќи ја неговата изјава во медиумите а која е предмет на оваа тужба не била демантирана од страна на Заев.

Да имаше демант ќе беше доставен во листата на докази, додаде Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.