Со силната пропагандна машинерија што ја прави власта ги тераат луѓето да заборават. Видовме како прв човек на ФЗО си става пари во торба и не одговара, си го штити власта. Пратеникот Зеќири даде оставка за да биде директор на ФЗО и јавноста заслужува одговор зошто е предложен друг, бидејќи Министерството за здравство и ФЗО се двата столба кои или ќе ја решат кризата или ќе завиваат семејства во црно, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето на утринската програма на телевизија Алфа.
Николоски посочи дека Заев намерно како да смислува што да каже ново пред секој настап, и тоа како што вели најчесто е некоја „зелена“. Заев воопшто не е доследен и тоа е страшно кога станува збор за сериозни теми.
Заев зборува за сè и се е различно, нема доследност. Го гледам на една национална телевизија. И вчера кажа дека имало диливери казина. Заев намерно се глупира со изјави за деливери казина за да не се зборува за криминалот и две илјади мртви од корона, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.