Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Телевизија Канал 5, истакна дека актуелниот премиер Зоран Заев на неговиот колега Бојко Борисов, му ветил овозможување на влез на бугарски капитал во Македонија во најмалку пет бизнис сектори.
Николоски вели дека Зоран Заев покрај тоа што го распродава македонскиот идентитет, низ призма на преговорите турка и бизнис зделки врз грбот на граѓаните.
Јасно е дека Зоран Заев ветувал и бизнис зделки на Бојко Борисов, а тоа се гледа по односот помеѓу двајцата лидери изминатиот период. Имено, Зоран Заев ветувал дека бугарски капитал ќе влезе во Македонија преку рудникот Иловица, кој магично преку ноќ го промени сопственикот. Исто така им ветил една национална телевизија, акции во еден мобилен оператор, банка и слободно користење на општички кабел на една државна компанија. Тоа се работите кои Зоран Заев лично му ги ветил на Бојко Борисов.
Бугарските медиуми пред одреден краток период потврди дека Зоран Заев поседува имот на Халкидики, Грција, а тоа само кажува за точноста на информациите за договорите помеѓу Заев и Борисов, како и со другите лидери, на кои не само што им ги исполни бизнис барањата, туку им го даде на тацна и македонскиот идентитет. Тоа е класично понижување на државата – вели Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.