Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, предупреди дека Зоран Заев правел притисоци врз одредени членови на историската комисија, односно врз оние коишто не сакале да играат по неговите правила, па поради тоа ги маргинализирал.

Исто така, се шират гласини дека Зоран Заев веќе ги компромитирал поголемиот дел од нив и им спрема заменски решенија, со што ќе се доведе во позиција да можат да преговарат во полза на барањата на Зоран Заев, односно да потпишуваат работи кои нивните претходници не сакаат да ги потпишат – вели Николоски.

Како што вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, доколку се случи промена на членовите на Комисијата, тоа ќе боде показател дека Заев се обидува да стави свои послушници кои ќе му овозможат рушење на македонскиот идентитет.

Тоа самото по себе доволно говори за ситуацијата во која се наоѓа Зоран Заев, како и оганот кој му гори под нозе. Доколку сето ова се оствари, јасно ќе биде дека Зоран Заев управува со членовите на историската комисија, односно наместо историчари, членовите на комисијата се негови соработници во распродажбата на националниот идентитет – заврши Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.