Како е возможно да се овозможат вакви мулти милионски бизниси на контроверзни личности кој е познат во Србија, Црна Гора и во Босна како поддржувач на радикални елементи кои се проив евроатланските интеграции на целиот регион. Ова се добри прашања на кои треба да одговорат Заев и Ахмети-рече Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Сител.
Николоски вели дека Давидовиќ многу јасно кажал на кого ги дал парите, и давањето поткуп е кривично дело. Она што е суштински важно е дека во истиот тој разговор се зборуваше за Шик Јелак и она што го видовме е дека Шик Јелак кој што контроверзниот бизнисмен го поседува во монментов е трансформиран во голем урбанистички план кој значи 233 илјади метри развиена површина, од кои 120 илјади метри квадратни се само станови и околку 2000 станови и нето профит од 200 милиони евра, истакна Николоски.
Клучното прашање што се поставува е зошто немаше дебата за ова прашање , како е возможно Министерството за транспорт и врски во февруари да добие барање за одобрение на планот , а на 28 и веќе да го одобри и тоа само за 7 дена и како е возможно да се одобруваат вакви мултимилионски бизниси на контроверзна личност како поддржувач на радикални елементи, како на пример против ЕУ и Нато интеграции.Ова се добри прашања на кои Заев и Ахмети треба да одговорат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.