Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 истакна дека повеќе од јасно е дека на актуелниот премиер Зоран Заев му одговара поларизација на општеството и отсуство на дијалог поради градење на слика за него пред се кај меѓународните партнери дека единствено тој во Македонија е конструктивен политичар.
Откако Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски се согласи на дијалог и средба со опозицијата, тој е постојано под жесток напад пред се од креаторите на јавното мислење кои се блиски до власта, што јасно оцртува една линија во општеството а тоа е дека единствениот кој што не е за дијалог е Зоран Заев. Него устата му е полна со компромис, дијалог и разговор а во суштина се прави да нема дијалог во Македонија со цел да го исполаризира македонското општество и да се претставува самиот себе во домашната но пред се во меѓународната јавност како единствениот конструктивен политичар а да се обидува да го претставува ВМРО-ДПМНЕ како деструктивна и антизападна, истакна Николоски во телевизиското интервју.
Николоски потенцираше и дека поларизацијата и немањето на дијалог дополнително му одговара на Заев единствено за да може да го штити својот криминал.
Вистината е дека Заев го поларизира македонското општество за да може да продолжи да го штити својот криминал и тој во моментов е проблем број 1 заради тоа што нема релаксирани меѓупартиски и меѓуполитички односи и нема нормален дијалог меѓу власта, опозицијата и другите политички чинители во Македонија и нападот кон Пендаровски овие неколку дена јасно покажува дека Заев не може да поднесе нормален политички дијалог затоа што во такви услови тој нема да биде никаков фактор и ќе исчезне од македонската политичка сцена, додаде Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.