Антонио Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика вели дека жали што пратениците од власта ниту пак шефот на дипломатијата Османи и вицепремиерот Димитров не се појавија на денешната седница.
На неа требаше да се усвои резолуција како одговор на бугарскиот меморандум кој е спротивен на европските вредности.
На тоа се надоврза Александар Николоски кој рече дека ова е бурлеска од Собрание и оти власта без присуството на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немаше да се донесе ни ребалансот на буџетот.
Најзападен политичар во Македонија во моментов е Зоран Заев кој три години не успева да почне преговори. Дури мислам дека и неговиот вчерашен гаф со „деливери казина” е намерно направен за да не се говори за Бугарија и за починатите од корона, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.