Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборната единица 4, Александар Николоски денеска од Прилеп порача дека дволично е пред 4 години да зборувате за дебата и дуели, а после 4 години Заев да бега од предизборно соочување.

Николоски уште еднаш го покани својот против-кандидат од ИЕ4, Зоран Заев на дуел.

Може да избере било кој датум и било кое време на било кој медиум и јас сум спремен да ги соочиме визиите за Македонија, за да можат граѓаните да одлучат на кого ќе му го дадат гласот, порача Николоски.

Тој нагласи дека едно од основните ветувања од програмата на ВМРО-ДПМНЕ е враќање на владеењето на правото, а како еден од најзначајните проекти го истакна проектот за испитување на потекло на имот и капитал на сите носители на јавна функција во изминатите 30 години.

Јавно го повикувам Зоран Заев да излезе во јавност и да каже дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот капитал и капиталот на неговото семејство кое во изминатите 18 години колку што тој е вкупно на функција стана најбогато семејство во Македонија, нагласи Николоски, кој го повика Заев на ТВ дуел.

Дволично е пред 4 години да зборувате за дебата и дуели, а после 4 години Заев да бега од предизборно соочување. Може да…

Gepostet von Aleksandar Nikoloski am Samstag, 4. Juli 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.