Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Што не е јасно“ на „Алфа“ проговори за дивеењето на навивачката група „Шверцери“ и за однесувањето на Заев. Николоски тврди дека премерот знаел дека ќе има навивачи во МНТ и оти тоа било друга прослава.
Полицијата била добро информирана и во петокот биле распореденени 150 припадници на ЕБР и 30 алфи во близина на театарот во очекување да се случат инциденти. биле од другата страна на театарот за да не бидат забележани. Кога започнале инцидентите, зошто не влегле да реагираат? Зошто не им било дозволено на луѓето што се платени да реагираат, да го спречат инцидентот. Една недела пред настанот, на официјалната фан страна на Фејсбук на „Шверцерите“ стоело најава. Зошто денес никој не е повикан за демолирање на државно добро? Ни груби, Ни навивачите. Зошто немаме истрага? Зоран Заев е виновен, тој е на врвот на пирамидата на одговорност на овој скандал. На тој настан беа испраќани националистичи и шовинистички пораки.Каков е тој премиер кој ги слуша, молчи и не реагира-вели Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.