Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Николоски во интервју за Пресинг ТВ Во однос на повиците за бојкот на претседателските избори од поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека почитува мислење на секого, но убеден е дека неговата партија ќе победи на претседателските избори.
Мојот став и на партијата е дека ќе победиме на претседателските избори, кои би требало да се одржат заедно со предвремените парламентарни и ја повикуваме власта што поскоро иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Собранието да ја стави на дневен ред.
На иницијативата од ВМРО-ДПМНЕ не се потпишаа тројца пратеници – Илија Димовски, Даниела Рангелова и Крсто Јовановски. Која е причината за тоа, Николоски одговара:
Не сум разговарал со нив тројца, но сите ќе гласаат за распуштање на Собранието и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена дека треба да се одржат предвремени парламентарни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.