Потпретседателот на ВМРО -ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски денеска објави дека тие заедно со пратениците на АА и Алтератива, Беса и Левица поднесуваат иницијатива за гласање недоверба на Владата. Според него, оваа иницијатва ја потпишале 61 пратеник и нивните очекувања се дека претседателот на Собранието во соодветниот рок ќе закаже седница односно најдоцна до четврток.

Николоски, кој цитираше дел од иницијативата, искажа уверување дека очекува недовербата на владата да биде изгласа со 61 и повеќе пратеници, и покрај ставот на пратеникот Скендер Реџепи од АА. Тој рече дека тие се во преговори за поддршка со уште неколку други пратеници.

Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе значајни резултати во претходните 5 години. Напротив, владее со измами и пазарења на сметка на најважните прашања за народот. Наместо да го сочува достоинството на државата и нејзините граѓани тие за секој поминат ден се повеќе го потонуваат народот во сиромаштија, непрекинат раст на инфлација и афери кои што се мултиплицираат на дневна основа. Владата предводена од Зоран Заев ги изневери граѓаните што се виде од резултатите одржани на локалните избори кои што всушност беа референдумско изјаснување против сегашната Влада и нејзините политики.

Останувањето на оваа Влада, по ваков изборен резултат, без кредибилитет, без јасно мнозинска поддршка од народот и без план за решавање на здравствените проблеми ќе значи само продолжување и продлабочување на политичката криза надополнета со економската криза, енергетскиот шок, КОВИД тенденциите кои се загрижувачки, сето тоа сериозно ќе ја клекне државата на колена.

Сведоци сме сите на криминалот и корупцијата на власта. Изневерени се сите надежи на граѓаните за подобар живот. Не постои функционален систем на владеење на правото, ниту правна држава. Граѓаните заслужуваат напредок на државата и на нивен подобар живот. Државата треба да излезе од постојаната криза, да се понудат решенија за предизвиците. Време е поделбите и конфликтите да престанат, ѕидовите во општеството да се срушат, време е за промени.

Изминативе 5 години се доказ дека оваа Влада владее со конфликти и не оддалечува од Европската Унија само со една цел, а тоа е одбрана на криминалот и одбрана на политичките кариери и привилегии кои што ги уживаат функционерите на власт. Не се грижат ниту за државата, ниту за народот, ниту за придвижување на државата кон Европската Унија. Неуспехот на ова поле е разочарување и ги влече сите процеси назад.

Поради сето ова наведено, ние долупотпишаните пратеници бараме Собранието да гласа за доверба на Владата. Иницијативата е поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, пратениците на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, пратениците на политичката партија БЕСА и пратениците на политичката партија Левица.

Вкупно 61 пратеник ја потпишаа ова Иницијатива и 61 потпис се доставени заедно со оваа иницијатива до македонското Собрание. Очекуваме Претседателот на Собранието согласно роковите утврдени во Уставот и Деловникот во најбрз можен рок да свика седница на која што ќе се гласа за доверба на Влада.

Доколку во моментов треба да се глеса довербата на Владата или најдоцна в четврток, очекувам да има 61+. Сакам да ја информирам јавноста дека во моментов имаме интензивни преговори со уште неколку пратеници од Собранието и очекувам иницијатативата за недоверба на владата да ја поддржат повеќе од 61 пратеник, рече Николоски.

Во врска со ставот на пратеникот Скендер Реџепи Николоски рече дека не станува збор за формирање влада, туку за соборување на Заев.

Изјавата на Реџепи беше јасна и не треба да се вади од контекст. Тој ќе поддржи недоверба на владата. 

Во однос на составувањето на нова влада или брзи предвремени избори, Нколоски рече дека се уште не е разговарано со новото парламентарно мнозинство и допрва, по падот на Зоран Заев, пратениците би ги разгелдале тие можности.

Треба да седнеме со нашите партнери и да видиме кои се програмските определби на сите политички структури кои би сакале да состават нова влада или кои се интересите за предвремени избори. Доколку можат да се склопат интеерсите и политичките програми, секако ќе се оди кон политичка влада, но сега прв чекор е гласање недоверба на владата. Да не заборавиме, Зоран Заев ја најави оставката пред 8 дена и никаде го нема да ја поднесе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.