Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, на својата страница на фејсбук објави кратко видео во кое со точни датуми се прикажани предупредувањата и предвидувањата дека со катастрофална реализација на реформи, во група со Албанија со криминал и корупција Република Македонија нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

На предупредувањата одговорија дека се научна фантастика. За жал се покажа дека не било „научна фантастика“ и за жал се остварија прогнозите. Ние апелиравме уште во април 2018 година, година и половина пред фијаското на Заев и неговата Влада. За ова мора да има одговорност!, објави Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.