Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е во Рим оствари работна средба со Сенаторот Масимо Кандура и Сенаторот Емануел Пелегрини.

Сенаторот Емануел Пелегрини и сенаторот Масимо Кандура се дел од парламентарната делегација на Италија во парламентарното собрание на НАТО и се членови во комитетот за Правда на Република Италија. Сенаторите Кандура и Пелегрини се членови на највисокото раководство на партијата Лега на Салвини, а Сенаторот Кандура е и директор на Фондацијата Италија – Соединети Американски држави.

На средбата се разговарало за продлабочување на соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и партијата Лега, како две партии од десниот политички спектар како и подобрување на односите помеѓу Македонија и Италија, информираат од партијата.

Било констатирано дека и Македонија и Италија се соочуваат со истите проблеми кога владее левицата. Корупција, нарушување на системот на владеење на правото, миграција како и силно влијание на политиките на Сорос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.