Во гостување во емисијата „Само вистина“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски се осврна на договорот со источниот сосед, ветото кое Македонија го доби како резултат на лошите политики на Владата, како и за 100 дена од формирањето на владината гарнитура на Зоран Заев.

Николоски истакна дека Зоран Заев не заслужил ВМРО-ДПМНЕ да го остави да ги сработи првите 100 дена без политички притисок, поради тоа што Заев уште на стартот наместо да почне со реализирање на проекти, почна со реализирање на криминал. Најпрво со мистериозниот бизнисмен Дака, потоа со Ден Дончев и низа други.

Николоски посочи и на фактот дека државата се соочува со најголемата здравствена пандемија, со која нашата земја се справува премногу лошо, а главен показател за тоа се поразителните бројки на заразени и починатите граѓани од Ковид-19.

Зоран Заев за предвремените парламентарни избори велеше дека нема услови да се одржат поради тоа што пандемијата зема замав, а тогаш имаше само педесетина заразени на ден. Сега, кога машинеријата е пуштена на најсилно и поткупот е очигледен, а за тоа потврдуваат и штипјани, Зоран Заев вели дека не е проблем да се одржат изборите во ситуација кога секојдневно се бележат над 1000 заболени од Ковид-19 – истакна потпретседателот Николоски.

Николоски додаде дека е несериозно е Зоран Заев и Владата да поигруваат со здравјето на граѓаните за да ги исполнат своите болни амбиции.

Време за политика ќе има секогаш, ќе има време за да се поправаат работите кои што може да се поправат, но животите на граѓаните не смее да се доведат во опасност, бидејќи тие не можат да се вратат – вели Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.