Она што е суштина во тој програмски документ кој што ќе стане денес и достапен за јавноста, планираме да го преведеме покрај македонски да го има и на албански, германски, француски, англиски како би бил достапен за меѓународната заедница, но исто така и за нашите сограѓани и Албанци тука во Република Македонија. Значи идејата е да ги поставиме основните 17 точки по кои што планираме да се развива Македонија. И кога ќе го видите првата или основна линија во целиот документ е тоа дека за клучните прашања е потребен општествен консензус. Што значи не само дека ќе е променлив овој текст туку идејата на текстот е да е променлив, да ги отслика позициите кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ, но после тоа да се отвори ВМРО-ДПМНЕ кон дискусија со значајните општествени фактори – нагласи Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во Утрински Брифинг.

Николоски додаде дека се планира еден вид на разговори со сите значајни општествени субјекти. Затоа што на пример еве со темата образование, мора да се седне на маса и да се договори една. Само во блиското минато имаше една реформа популарно наречена по Кембриџ која што одеше со нови учебници и одеше со екстерно тестирање, но дојде владата на Заев па воведе електронски учебници а тоа не беше ни до крај прифатено. Никој никого не консултираше, никој никого не праша за реформата. И затоа мора да се договори за 5-6 базични теми, тие теми да не се менуваат и да одат напред. Како што треба конечно да се зборува за дрогата која што ја има во енормни количини по улиците.

На македонските улици особено по градовите има дрога како никогаш досега. Тоа мора да се исчисти. Но, кога одредена структура во МВР ќе го чисти тоа треба да знае кога ќе се променат министри, кога ќе се промени власт нема да ги поткаже овие кои што ги исчистиле, туку треба да бидат заштитени без разлика која ќе е раководна структура во министерството затоа што се работи за нашите деца – појасни Николоски.

Николоски посочи дека мора да се има еден систем каде што ќе има апсолутна лојалност кон државата. Многу процеси станаа неодржливи. Во овие 30 години повеќе се има проблем како се гледаат институциите отколку што се прави во нив.

Како пример е состојбата со енергетиката, односот кон енергетиката нас не носи сега во ситуација да поставуваме многу прашања што ќе се случи после први јануари. А, нема да се случат добри работи, во смисла на цените на парното во Скопје, затоа што за жал само Скопје има централно греење и на електричната енергија насекаде низ државата – укажа Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.