Во емисијата „Само вистина“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на договорот со источниот сосед, ветото кое Македонија го доби како резултат на лошите политики на Владата, како и за 100 дена од формирањето на владината гарнитура на Зоран Заев.

Потпретседателот Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја турне криминалната Влада на СДСМ и ДУИ најпрво преку интерпелацијата за Никола Димитров, а потоа и преку институционална борба, меѓу кои и борба во Собранието на Република Македонија.

Во следниот период ВМРО-ДПМНЕ има неколку начини на кои ќе ја натера Владата на Зоран Заев да поднесе оставка, односно да се формира нова Влада за национален спас, во која ќе партиципира и ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии, со цел да се води земјата се до моментот кога ќе се организираат и нови парламентарни избори – вели Николоски.

Тој истакна дека Зоран Заев прави притисоци врз одредени пратеници и членови на Владата, а тоа покажува само за нестабилноста и несигурноста на оваа Влада.

ВМРО-ДПМНЕ веќе разговара со одредени претставници на политичките партии, но не од СДСМ и ДУИ, со кои че ја води битката против криминалната власт на Зоран Заев.

 

Следува бурен период во кој Зоран Заев нема да се чувствува лагодно и нема да може да ги продолжи бизнис зделките кои ги зацртал во неговиот премиерски мандат. Нема да дозволиме граѓаните повторно да бидат измамени и изманипулирани и токму поради тоа ќе бидеме активни како во Собранието, така и на улиците низ Македонија – истакна Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.