СДСМ знаејќи дека ќе изгуби на избори дека граѓаните ќе го казнат на 12-ти април, сега користи секакви маневри дури и клевети како ВМРО-ДПМНЕ вршело притисоци – смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој вечерва беше гостин во Што не е јасно наАлфа Телевизија.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и не располага со механизми за вршење на притисоци, време е СДСМ да престане да шири лаги бидејќи веќе не поминуваат кај македонската јавност.

Зоран Заев не само што ќе одговара за криминалот кој што го сторил, туку ќе одговара и заради притисоците кои што ги прави врз пратениците. И секогаш крадецот вели „Држете го крадецот“, така и Зоран Заев малку фројдовски знаејќи дека тој ги прави притисоците излегува и во јавноста вели дека ВМРО-ДПМНЕ правело притисоци, истакна Николоски.

Тој посочи дека не е јасно како може ВМРО-ДПМНЕ да прави притисоци, кога е во опозиција.

-Кои механизми една опозиција може да располага за да може на било кого да прави притисок. Ќе му ветиме на некого вработување, ќе му ветиме на некого тендер? Ќе му се заканиме дека полиција ќе му отиде во 3 часот наутро? Ќе му се заканиме дека нешто ќе му се случи во суд или во обвинителство? Такви механизми има Заев, немаме ние, нагласи Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.