Вечерва во „Отворено Студио“ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш сака да се помогне на граѓаните, но нема да дозволи изборен поткуп и корупција од страна на СДСМ, тоа е суштинската разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Ние сме за помош и за поддршка, и први апелиравме за мерки. Но мерките се случуваа многу подоцна. Стопанството е во голем проблем. Разговарајте и со било кој сакате стопанственик, во моментов нема ниту еден релевантен стопанственик или економист кој што ги поддржува или ги брани мерките на Владата, појасни Николоски.
Николоски додаде дека самиот економски советник на Владата и претседателот на Комисијата за финансии во СДСМ, Битиќи кажува дека ќе немало корона на крај на август, почетокот на септември кога ВМРО-ДПМНЕ предлага избори, да започне мерката за ДДВ. А, утредента излегува Зоран Заев и вели на 21 јуни да правиме избори.
Ние да ќе поддржиме да се помогне на граѓаните но нема да поддржиме изборен поткуп, и нема да поддржиме криминал. Тие две работи никогаш нема да ги поддржиме и тоа е суштинската разлика помеѓу нас и СДСМ, нагласи Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.