Александар Николоски пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи вели дека власта преку „театарот“ на Џафери сака да се одолговлечи носењето на петтиот пакет мерки бидејќи како што вели во буџетот немаат доволно средства за реализација на истиот.

Власта преку Талат Џафери го опструира носењето закони со кои ќе се даде финансиска поддршка за најпогодените од корона кризата. Вистината е дека НЕМААТ ПАРИ затоа го прават ова во Собрание. Не сакаат да поминат законите зашто немаат пари да исплатат на граѓаните. ГИ УКРАДОА!, коментира Николоски на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.