Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски синоќа беше гостин на Алсат телевизија каде говореше за теми и прашања поврзани со актуелните случувања во земјава.

Она околу коешто сега има главно недоразбирање или условно кажано сопнување е тоа што власта бара да се најде начин да се легализираат нелегалните активности на СЈО. И тоа има еден голем парадокс, заради тоа што институцијата којашто требаше да се бори против нелегални активности, самата влегла во нелегални активности и сега власта се обидува со закон тоа да го промени, што поставува прашање за правната сигурност и поставува прашање и кај други личности коишто имале нелегални активности во минатото, зашто и тие да не побараат со Закон да тие нелегални активности им се легализираат.

Така што, тука е сега каменот на сопнување, не можеме да дозволиме да пробиениот рок којшто го има СЈО, а тоа е 18 месеци од примањето на материјалите и незаконските дејствија коишто ги презеле после овој рок да бидат легализирани. Со тоа не можеме да се согласиме. Тоа не значи како што вели власта амнестија на криминалот, затоа што доколку некој сторил било какво кривично дело, има обвинителство што може да го гони, прво, и второ единствен случај, и тука е политичката мотивација на СДСМ, единствен случај којшто е отворен после рокот е случајот за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ каде што целта е да се забрани таа политичка партија, нашава политичка партија, со судска одлука, истакна Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.