Беспредметна е нон сенс тужба, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, го прокоментира денешното рочиште во Граѓанскиот суд каде е тужен за клевета од страна на братот на премиерот, Вице Заев.

Николоски денеска имаше можност да му постави неколку прашања на Вице Заев во суд, бидејќи се брани сам, односно нема правен застапник.

Вице Заев денеска призна дека е сопственик на повеќе компании. Самиот кажа на две, за после да се демантира дека и на повеќе, ама таму имал околу 20 отсто учество. Потврди и дека тој и неговото семејство се дел од бизнисот со одгледување на медицинска марихуана, потврди дека е дел и од градежниот бизнис и потврди дека неговите компании имаат раст изминативе години што мене ми дало право да заклучам дека е главен бизнис фактор во државата, рече Николоски по рочиштето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.