Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во вестите на Канал 5 телевизија, а во врска со ситуацијата во Прилеп, наброја дека состојбата во Прилеп е се полоша, тестовите доцнат, како и тоа дека потребно е масовно тестирање на населението и тестирање на целиот здравствен кадар, а во Прилеп нема ниеден респиратор во моментов, потребни се економски мерки за Пелагонискиот регион затоа што тој произведува 30% од БДП на македонската економија, вели тој.
-За жал состојбата во Прилеп не е добра, бројот на заболени секојдневно расте, мислам дека бројот на болни е далеку поголем од оицијалната бројка која во моментот е прикажана во јавноста. За жал две семејства изгубија свои блиски би сакал да искажам сочувство на овие семејства, и на сите коишто се болни побрзо да закрепнат.
Николоски критикуваше дека не се научија лекциите од Дебар и Куманово и ненаучените лекции се плаќаат со човечки животи, посочува Николоски.
Тој вели дека она што го апелира за Прилеп пред се од една човечка побуда е тоа како да се спасат што повеќе човечки животи.
– Мислам дека е потребно масовно тестирање во Прилеп, потребно е да се тестираат сите оние коишто биле во индиректен контакт со луѓето коишто се заболени, затоа што сега се тестираат директно заболените, кажа Николоски.
Тој истакна дека тестовите доцнат, како и тоа дека има информации дека резултатите се добиваат помеѓу 5 и 7 дена што е недозволиво долго време, затоа што потребно е за брзо лечење на оние коишто го имаат вирусот е навремено да бидат информирани дали се заболени од коронавирусот и да знае здравствениот кадар каде да се насочи.
-И трето коешто мислам дека е суштинско е да се направи тестирање на сиот здравствен персонал, за да бидат заштитени и да добијат највисоко заштитна опрема којашто за жал во моментов ја немаат, и да се прилагоди болницата во Прилеп за овие услови, за жал во Прилеп нема во моментов ниту еден респиратор, апелирам да се однесат респиратори, и болницата во Битола да ги зголеми своите капацитети, вели Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.