Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во денешното отворено студио на „24 анализа“ го повтори ставот на неговата партија дека нема да одат на избори по цена на човечки животи и загрозување на здравјето на граѓаните.
Точно нашите предлози се 23 август, 30 август и 13 септември возможно беше и 6 септември, но имајќи предвид дека е националниот празник 8 септември и ќе е продолжен викенд затоа ги даваме овие три опции. ВМРО-ДПМНЕ е апсолутно за избори, вусшност и ние сакаме да одиме на избори за да успееме и да формираме влада и тоа е целта на нашата политичка партија и од таа страна не треба да има дилема што мисли ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ сака да оди и да победи на избори но тие избори мора да сесо целосна заштита на здравјето на граѓаните што за жал во моментот не го гледаме. Со гаранција дека нема да имаме ново заболени и мртви заради гласањето, со гаранција или извесност дека нема да имаме новозаболени и мртви заради кампањата, со доволна информативност на граѓаните што е една од основните пилари на едни фер и демократски и со голема партиципативност на граѓаните на истите избори затоа што ова брзање на СДСМ нас ќе не одведе во избори без кампања , во избори во кои што граѓаните нема да можат да ги слушнат граѓаните ниту да ги видат кандидатите на политичките партии и ќе не одведе до ситуација кога излегувањето на избори ќе значи ризик по живот на граѓаните.Многу граѓаните три пати ќе размислат дали да излезат што може да не доведео до ситуација очајно ниска излезност што ќе го доведе до прашање целиот кредибилитет на изборниот процес, истакна Николоски.
Николоски во своето гостување запраша што е проблемот на СДСМ да се поместат изборите за месец и пол до два месеци.
Ние со вакви бројки, го гледаме Заев како притиска за избори. Ако планираат на 21 јуни да одат на избори со вакви бројки, ние нема да одиме, нека им е со среќа, рече Николовски.
Тој рече дека најдобро е кога две недели би немало номвозаразени или починати. Но, со овие бројки тоа е невозможно, а Заев се надева и брзи на избори зошто се надева на ниска излезност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.