Од различни причини Македонија не добива датум за преговори од 2018 година до денес. Сум ги споделувал во јавноста дали е тоа договорот да се влезе во иста група со Албанија, дали неспроведување на реформи, дали е тоа случајот „Рекет“, дали е тоа француската методологија, дали е бугарското вето, но тоа се фактите. За жал, со оваа влада на Заев Македонија нема да има датум за преговори, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски „Трилинг“ на 24 ТВ.
Николоски потенцира дека Македонија со Заев не може да добие датум поради тоа што едно се кажува во јавност, а друго се ветува, едно се зборува на состаноци кога очекувањата се кренале на бугарска страна и сега не може да се реализираат, но и поради резерви на други земји членки заради недоволна борба со криминал и корупција
Заев и Димитров како архитекти на двата договори вела дека сите проблеми со соседите се решени, гледаме дека проблемите со соседите продлабочени заради тие два договори. Основната грешка во двата договори е што нема никакви гаранции во однос на спроведувањето особено за посилните страни, а тоа се Бугарија и Грција затоа што двете се во ЕУ. Човек треба да биде политички аматер или да има други намери да потпише договор во кој ќе нема заштитни и гарантни клаузули. Времената спогодба од 1995 имаше такви, но во овие два договори нема. Затоа нема никаква обврска за Бугарија да не спречува членство на Македонија во ЕУ. Во Договорот стои дека Бугарија ќе ја поддржи Македонија за членство во НАТО, и ќе ги сподели своите искуства во процесот за пристапување во ЕУ. Тоа не е обврзувачка форма и затоа е ова сега, истакна Николоски.
Според Николоски не е само Бугарија која го кочи процесот на преговори, има и други земји кои мислат дека Македонија и Албанија не се подготвени, пред сè, во борбата против организиран криминал и корупција, реформите на јавна администрација и начинот на спроведување на реформи во безбедносните служби.
Бидејќи десетици одлуки се носат со консензус, има важни одлуки и за Бугарија, ако Македонија ги исполни своите обврски, земјите членки на ЕУ ќе има како да ја условат Бугарија да не ја блокира Македонија, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.