Гласно го поставувам прашањето дали Заев и Димитров се спроведувачи на проектот за бришење на македонскиот јазик и создавање на нова т.н. „северномакедонска нација”? После ова јасно е дека Македонија не доби датум за почеток на преговори, ниту пак скоро ќе ги почне. За да се спаси криминалот на Заев и кариеризмот на Димитров тие се подготвени на целосно бришење на македонскиот јазик и народ, вели во разговорот за МКД.мк Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ по повод најновото условување на Бугарија за датумот за преговори за Македонија.

Македонија ќе мора да заборави на „македонско малцинство во Бугарија“ и на „македoнски јазик“ и да користи само „службен јазик на РСМ“, ќе мора брзо да работи со комисијата за историски прашања… ако сака да ги продолжи преговорите со ЕУ, се вели во документот до кој дојде МКД.мк. Оваа Изјава на Република Бугарија, која МКД.мк ја објави на 17 април, стана дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и датумот за преговори за Македонија и Албанија. Со ова Бугарија го условува одржувањето на меѓувладината конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија и Албанија.

Нема ништо ново во ставот на Бугарија во однос на македонскиот народ, јазик и малцинство, но оваа изјава на Бугарија стана дел од протоколот за преговарачкиот пакет.

За ова МКД.мк разговараше со Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ние сме фрапирани што власта, пред сѐ Зоран Заев и Никола Димитров решија да го кријат овој документ од нас, како најголема политичка партија во Македонија и секако од јавноста. Скандалозен е обидот ова да се сокрие. Во една сериозна држава после ваков документ се отвора широка политичка и општествена дебата за да се одговори на истиот, се прави стратегија и се дејствува. Во Македонија ова се крие! Ние за овој документ дознавме од вас како медиум и во таа насока би сакал да ви честитам за отворањето на оваа исклучително значајна тема.

Јасен е одговорот зошто Заев и Димитров ова го кријат. Овој документ е демант на отворена сцена на сите лаги. После ова јасно е дека Македонија не доби датум за почеток на преговори, ниту пак скоро ќе ги почне. Исто така паѓа во вода тезата дека Заев и Димитров решаваат проблеми. Напротив, тие создаваат нови, далеку попроблематични за иднината на Македонија проблеми. За овој документ, неговата содржина во која се брише македонскиот народ, македонското малцинство во соседните држави, како и македонскиот јазик, како и криењето на неговата содржина мора да има политичка одговорност. Па видете до каде нѐ донесе обидот на Заев да се спаси од одговорност за своите криминали и кариеризмот на Димитров. Целосно бришење на македонскиот народ и јазик. После промената на името, ова е финален обид за поништување на македонската држава онаква каква ја познаваме, а генерации ја сонуваа – вели Николоски.

Целиот текст можете да го прочитате на овој линк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.