Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за скандалот за Лидија Димова односно за злоупотреба на пари од Европската агенција за образовни програми и посочи дека тоа е и една од причината поради кои Македонија не ги отпочне преговорите со ЕУ.
-Бев гостин на една друга национална телевизија и таму и исто така и таму зборувавме за датум за преговори тогаш беа многу среќни претставниците на власта затоа што имало позитивен извештај на ЕУ. Тоа беше минатата година во јуни и јас реков овој извештај не соодветствува на реалноста и неколку земји членки на ЕУ подготвуваат свои извештаи и тоа беше тогаш скандализирано, како е тоа возможно за после неколку дена да се покаже дека неколку земји членки на ЕУ навистина имаа свои извештаи за состојбата во Македонија кои не соодвествуваа на извештајот на ЕУ и заради таа причина Македонија во октовмри 2019 исто така не доби датум за почеток на преговори. На истата емисија реков дека една од причините зошто Македонија тогаш нема да добие датум за почеток на преговори е злоупотреба на пари од Европската агенција за образовни програми кој што се пари кои ги дава ЕУ на локална агенција предводена од владата и од претставник на шарената револуција кои треба да ги менаџира тие пари. Јас кажав дека има индиции за криминал, тогаш тоа беше демантирано и бев напаќан за сега да стигнеме да имаме јавно објавен скандал, разрешување на директорката и истрага за истата работа, рече Николоски. Тој во своето гостување посочи дека ќе било доблесно Заев да праша како ги тој имал сите информации. -Ќе беше доблесно да се јави Заев да праша како ги имаш сите овие информаци. Јас би ги ставил сите мои контакти на располагање на Македонија затоа што мене една работа ми е пред освојувањето на власта и победата на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е добробитта на Македонија, додаде Николоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.