Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој е во состав на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Белград, информира дека со претседателот на партијата Христијан Мицкоски и лидерот на ДПСМ Иван Стоилковиќ оствариле средба со претседателот на Република Србија и лидер на СНС Александар Вучиќ.

Дискутиравме за соработката на двете сестрински партии, ВМРО-ДПМНЕ и СНС како и соработката во рамки на Европската народна партија како и за можностите за соработка помеѓу двете партии во иднина. Разговаравме и за европските перспективи, како и силното пријателство и заедничка поддршка помеѓу Македонија и Србија, пишува Николоски на Фејсбук за средбата во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.