Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Aлександар Николоски се сретна со амбасадорот на Република Унгарија, Н.Е. Ласло Иштван Дукс.

На средбата го информирав амбасадорот за идејата за формирање на Националниот совет за евроинтеграции, неговите надлежности, составот, како и клучната улога на Советот по отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Ја искористив можноста да го информирам амбасадорот за намерата Советот активно да придонесува во процесот на пристапување во ЕУ.

Разменивме мислења за пријателските односите меѓу двете држави, за актуелните состојби, регионалната политика, борбата против корупцијата и организираниот криминал, справувањето со Ковид 19 пандемијата, процесот на вакцинација, соопшти по средбата Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.