Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во емисијата „Јади бурек“ на телевизија Сонце истакна дека СДСМ води пропаганда „сите сме исти“, само за да го замелдуши и разочара народот.

Според Николоски, станува збор за најскапата кампања на СДСМ и најдобрата од пи-ар гледна точка, се со цел да ги збуни и излаже граѓаните на Македонија.

Постои огромно незадовослтво кај народот, но единствениот начин да се промени власта е луѓето да излезат и да гласаат на избори. Целта на СДСМ е народот да остане дома и затоа најскапата кампања што ја води СДСМ преку медиуми и новинари коишто ги поддржуваат е кампањата „сите се исти“. Тоа е најскапата кампања на СДСМ којашто е толку добро организирана и скапо платена што до обичните граѓани доаѓа како да е од некоја трета страна или некое тело формирано од самите обични граѓани. Но, оваа кампања е креирана и водена од тајни служби и луѓе коишто многу добро знаат психологија. И според мене, ова е една од најуспешните кампањи на СДСМ во пи-ар делот. Затоа што успеаа да наметнат кај дел од народот резигнација – „не ме интересира политика, не сакам да гласам, сите се исти“ – што е апсолутно неточно, но со сите ресурси коишто ги има власта, коишто ги краде од народот имаат доволно да платат луѓе коишто им се блиски, новинари, медиуми, за да оваа кампања вози – изјави Николоски.

Тој, сепак, вели дека тоа не е така, затоа што ниту може да се спореди Мицкоски со Заев, ниту со кого било од СДСМ.

Ниту по чест, ниту по углед, ниту по образование и семеен бекграунд. Јас со златни вилушки дома ниту ручам ниту вечерам. На плишани фотелји од по илјада евра, јас не седам. Јас не возам четирицикл, Ауди 7-ца или БМВ, не знам ни која серија, не умеам да го кажам. Тоа е разликата помеѓу мене и било кој од СДСМ, а помеѓу Заев и Мицкоски не се ни споредува – едниот е професор, а другиот не знамеме ни дали факултет завршил. Ете, излезе човек од Ректоратот и кажа дека дипломата за факултет на Заев е спорна. Заев е аболициран за криминал неколку пати, а Мицкоски нема никаква дамка. Но, пропагандата на СДСМ „сите сме исти“ го разочара народот и комбинирано со стравот од короната доведе до 51 процент излезност. Ако на следните избори имаме над 70 проценти излезност јас сум убеден во убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што расположението против власта е тука, само тоа треба да се материјализира на избори – истакна Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.