СДСМ организираше избори во време кога секојдневно умираат над 30 луѓе, а исто така имаме над 1000 новозаразени секој ден. Тоа укажува на фактот дека Зоран Заев, како и д-р Сашко Николов се крајно несериозни и не водат грижа за здравјето на граѓаните, туку важно им е устоличувањето во фотељите и продолжување на матните бизниси – вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Според Николоски, преку организирање на превдремените локални избори во Штип, СДСМ го допрела дното, додавајќи дека случајот со гласање на лица кои имале решенија за самоизолација поради тоа што биле позитивни од Ковид-19 го довеле во ризик животот на присутните граѓани на гласачките места.
На вчерашните избори покрај бламот во однос на организирањето на изборите во кои ќе немаат противник, СДСМ го допреа дното со тоа што на гласање излегоа лица кои имале решенија за самоизолација поради тоа што биле позитивни на Ковид-19 вирусот, а со тоа ги довеле во ризик и животите на присутните на гласачките места.
И Зоран Заев и Сашко Николов знаат дека мандатот ќе трае едвај 9 месеци, а потоа и едниот и другиот ќе ги напуштат своите функционерски позиции, поради тоа што Сашко Николов ќе ги загуби изборите кои следуваат во септември во Штип, а Зоран Заев ќе го доживее најсилниот пораз на парламентарните избори кои што ќе ги спроведе Владата за национален спас.
Факт е дека СДСМ оди надолу и наскоро им следува катастрофа. Тоа го покажува фактот што СДСМ имаше 3600 гласови помалку отколку на минатите избори кои што се случија во Штип. Во ситуација каде што немаат противник, бројот на гласови кои што СДСМ го освои вчера е еднаков на пораз – објасни Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.